ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕДВРЕМЕНА ИСПЛАТА НА ПЕНЗИИ

 
Со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти - пензионери, НЛБ Банка ќе ги исплати пензиите на 27.07.2022 година (среда).
  
Во насока на поголема заштита, подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 27.07.2022 пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на НЛБ Банка пензиите ќе можат да се подигнат согласно определен редослед.
  
Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите e во периодот од 28 јуни до 1 јули и истиот е креиран согласно висината на пензијата и тоа:
  • 27 - ми јули  (среда) 2022 година, пензии со висина до 11.000 денари
  • 28 – ми јули (четврток) 2022 година, пензии со висина 11.001-14.000 денари
  • 29 - ти јули (петок)  2022 година, пензии со висина 14.001-18.000 денари
  • 01 - ви август (понеделник)  2022 година, пензии со висина над 18.001 денари.
 

Со цел заштита на здравјетo, апелираме до клиентите – пензионери да не подигнуваат готовина и средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. 
 
Доколку клиентите имаат потреба од готовина, препорачуваме исплатата да се изврши на банкомат, каде средствата ќе бидат достапни од 27.7.2022. – среда и истите ќе може да се подигнат во секое време, независно од дефинираниот распоред.

 
Ве замолуваме да ги почитувате препораките да држите растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.